Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

македонски   |   english
Информации > Болести на срцето > Тромбоза
Тромбоза (згрутчена крв)
Што е тромбозa?
Тромбоза е присуство на згрутчена крв во една артерија или вена. Згрутчената крв има потенцијал да побегне од вената или артеријата и делумно или комплетно да го блокира протокот на крв кон одредено место во телото. Во зависност од местото на блокадата, ова може да резултира во различни исцрпувачки или фатални болести вклучувајќи мозочен и срцев удар.
Како се појавува згрутчената крв?
Кога ќе забави протокот на крв, обично поради неактивност, болест или повреда, крвта може да се собира во малo грутче. Ако ова мало грутче од крв се стврднува или засирува, се формира тромб. Формирање на тромб исто така може да се случи од болеста позната како нарушено функција на внатрешниот ѕид на крвниот сад. Ова нарушување во целината на внатрешните ѕидови од крвните садови, обично е поврзано со висок крвен притисок или дијабетес.
Како се открива згрутчената крв?
Згрутчената крв е тешко да се открие, бидејќи често не предизвикува симптоми. Ако докторот насети дека можеби имате тромб, тој ќе ви направи некој од следниве тестови за да ја дијагностицира тромбозата:
  • Доплер ултразвук
  • Ангиографија
  • Компјутерска томографија, особено ако се сомневаат дека згрутчената крв е во белите дробови
  • Нуклеарен скен на бели дробови ако се претпоставува тромб во белите дробови
Кои се третманите за згрутчената крв?
За да се лекува тромбот, докторот може да препише лекови или да изврши одредени процедури. Повеќето од третманите зависaт од сериозноста на згрутчената крв.
Лекови
Има три видови на лекови што докторот може да ви ги препише:
  • Антикоагуланти – ја ослабнуваaт згрутчената крв и штитaт од негово проширување
  • Тромболитични лекови– ја лизираат згрутчената крв и обично се препишуваaт за поголемo, поопасно згрутчување на крвта; најпознати тромболитици се TPA (Tissue Plasminogen Activator) и TNK (поновата верзија на TPA)
  • Antiplatelet Agents се превентивни лекови, и служат за да го избегнат формирањето на ново згрутчување на крвта.
Процедури
Пациентите кои не можат да ги поднесат лековите со антикоагуланти поради алергии или прекумерно крварење или кај кој се развива белодробна емболија можеби бараат минимални инвазивни процедури за да ја разори згрутчената крв. Овие процедури се:
  • Филтрирање
  • Тромбектомија (ембелектомија)