Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

македонски   |   english
Информации > Болести на срцето > Предкоморна фибрилација
Предкоморна фибрилација - треперење
Што е преткоморна фибрилација ( треперење )
Предкоморна фибрилација е најпозната срцева аритмија, или неправилно чукање на срцето. Предкоморна фибрилација е такво нарушување со што горните два комори од срцето не чукаат нормално, синхронизирано. Било да електричните импулси се движат хаотично во преткоморите или се движат кружно, резултираат во активирање на предкоморите за отприлика помеѓу 400 и 600 пати во минута. Импулсите што течат низ артеријата поминуваат преку структура наречена A-V јазел (чвор) за да стигнат до коморите. Карактеристично за предкоморната фибрилација е неправилниот ритам каде коморите или долните комори од срцето за пумпање, чукаат во многу хаотичен облик.
Кои се предупредувачките знаци и симптоми на преткоморна фибрилација ( треперење )?
Личностите со преткоморна фибрилација (треперење) може да имаат забавени срцеви чукања или забрзани. Личностите со преткоморна фибрилација може да не чувствуваат симптоми, ограничени симптоми во форма на срцебиење/треперење или катастрофални симптоми како што се губење на свеста поради чукањата што се или многу брзи или многу бавни. Основен ризик од преткоморна фибрилација е напад, со зачестен напад во просек пет пати кај истогодишните личности кои немаат преткоморна фибрилација. Ризик факторите што се појавуваат да го зголемат ризикот од напад кај личностите со преткоморна фибрилација вклучувајќи ги оние кои се постари од 65 години, постоење на дијабетес мелитус, постење на хипертензивно срцево заболување, срцево оштетување, mitral stenosis или наследно. Ризикот од напад кај индивидуалците со преткоморна фибрилација може значително да биде намален со користење на антикоагулантска терапија во форма на Warfarin.
Кои се третманите за преткоморна фибрилација ( треперење )?
Лекувањето на преткоморна фибрилација зависи од личностите. Докторот ќе ја разгледа темелната историја и ќе изврши детално физичко испитување за да одреди дали преткоморна фибрилација е поради некој друг проблем, пр: хипертензија, срцево артериско заболување, валвуларно срцево заболување, или нарушена функција на штитната жлезда. Честопати, овие основни проблеми може да бидат лекувани со резолуција на преткоморна фибрилација. Ако преткоморна фибрилација не се исправи со резолуција на основниот проблем, честопати пациентот е антигоагулиран три до четири недели, и според тоа cardioverted се враќа во нормален ритам.
Други третмани
Понекогаш, лекарствата не го контролираат адекватно вентрикуларниот ритам кај предкоморната фибрилација. Во вакви ситуации, често извршена процедура е да се постави пејсмејкер, било единачен или дупло-коморен. Иако ова не ја поништива самата предкоморна фибрилација, или потребата за антикоагулантска терапија, ја поништува бавната или брзата реакција на комората што може да се случи, и му овозможува на пациентот да има правилно и нормално срцебиење.