Напад - мозочен удар
Што е напад – мозочен удар?
Мозочен удар се случува кога текот на крвта богата со кислород кон мозокот одеднаш е прекината. Има два видови на напад: 1) Исхемичен напад што е предизвикан од создавање на масни наслаги (плаки) во мозочната артерија, или поради згрутчената крв што го блокира текот на крвта кон мозочната артерија. или 2) Хеморагичен (крварење во мозокот) напад што е предизвикан од ненадеен прекин на артеријата што води кон мозокот. Кога текот на крвта се прекинува кон мозокот, мозокот не добива кислород. Ова може да предизвика привремено или постојано мозочно оштетување, и со текот на времето може да резултира во смрт.
Кои се предупредувачките знаци и симптоми на нападот?
Нападот може да предизвика неколку различни симптоми. Не ги ингорирајте симтомите – секоја секунда се брои. Напад, лекуван навреме, може да ја зголеми можноста за преживување и минимализира веројатноста од постојано мозочно оштетување.
- Чувствување на тешкотија или движење на една страна од телото
- Проблеми со зборувањето
- Кратка криза на слабост на раката или ногата
- Краткотрајно губење на видот
- Затемнување на видот во едното око
- Засенување или покривање ( затворање ) на едно око
- Вртоглавица или збунетост
- Онесвестување или чувство за онесвестување
Како се открива нападот?
Обично нападот се открива многу касно – кога пациентот доаѓа во собата за итни ситуации. Како и да е, ако почувствувате рани симтоми на напад, има тестови што можат да одредат дали имате напад или потреба на третман за спречување.
Напдот е болест која напредува поради неколку кардиоваскуларни ризик фактори. Ова се: наследни од фамилијата, старост, дијабетес, пушење, висок крвен притисок, висок холестерол, дебелина, недостаток на вежби и стрес.
Ако сте ризиcni за напад (пр: имате многубројни ризик фактори) разговарајте со доктор. Тој може да изврши било кој од следниве тестови за рано откривање на кардиоваскуларната болест и да спречи напад. Овие испитувања се:
- Скен на каротидните артерии (со ултразвук)
- Компјутерски скен
- Магнетна резонанца
Кои се третманите за нападот?
Најдобар третман за нападот е превенцијата. Ова значи да се промен начинот на живеење за да се намалат кардиваскуларните ризик фактори. Нападот се случува кога масни наслаги (плака) се формира внатре во артериите што водат кон мозокот. Ова е наречено периферно васкуларно заболување и напредува – што значи плаката се зголемува/акумулира со текот на времето. Но ако ги смалите ризик факторите што придонесуваат за ова заболување ( исто така и за коронарното артериско заболување) може да задржите и во некои ситуации да ги анулирате ефектите од заболувањето.