Холестерол
Холестеролот е супстанција што се наоѓа меѓу липидите ( мастите ) во крвотокот и во сите клетки од телото. Се користи за да формира мембрани на клетките, некои хормони и потребен е за други функции. Организмот го создава целиот потребен холестерол. Додека се користи, овај холестерол циркулира во организмот. Холестеролот е дел од здравиот организам, но премногу холестерол во крвта може да биде проблем. Јадење храна што содржи холестерол ( наречен диетален холестерол ) исто како и храна со високо заситени масти може да го зголеми холестеролот во крвта.
Иако нешто од вишокот диетален холестерол е отстранет од организмот преку црниот дроб, сеуште се препорачува дека просечниот дневно земен холестерол би требало да биде помалку од 300 милиграми. Луѓето со често високо ниво на холестерол во крвта може да им треба дури и поголемо намалување. Бидејќи холестеролот е во сета храна од животинско потекло, мора да биде превземена грижа да не се јаде повеќе од шест унци дневно ( или околу 180 грама ) на посно месо, риба и живина и да се користи безмасни или ниско-масни млечни продукти. Високо-квалитетните протеини од зеленчуците како што е гравот се добри заменици за протеини од животинско потекло.
- Диеталниот холестерол се наоѓа само во храната од животни, пр: месо, риба, живина, жолчки од јајца, путер, сирење, и други млечни производи. Едно големо јајце содржи 213 милиграми холестерол. Ова е околу 71 процент од препорачаната дневна граница за здрави луѓе ( помалку од 300 милиграми ). Многу големи јајца содржат повеќе холестерол отколку големите јајца - секое дава до 93 проценти од дневната граница.
- Заситените масти највеќе се наоѓаат во храна од животни, пр: месо, свинска маст, живина, путер, сирењата, и сите други млечни производи. Храна од некои тропски растенија исто така содржат заситени масти, највеќе кокосовото масло, маслото од палма, масло од јадрото на палмата и кокосовиот путер.
- Trans-fats се заситени масти што биле преработени за да го продолжат нивниот рок на употреба, вклучувајќи ја брзата храна. Trans-fats исто така се наоѓаат во комерцијалната печена стока и маргарините кои се делумно направени од хидрогенизирани зеленчукови масла.
Многу научници сметаат дека заситените масти и trans-fats имаат поголемо влијание отколку диеталниот холестерол во зголемување на нивото на холестерол во крвта.
Холестеролот и други масти неможат да се анулираат во крвта. Тие треба се бидат пренесени кон и од клетките преку т.н липопротеини. Има неколку видови, но оние кои имаат најголема врска се: липопротеини со слаба густина (LDL) и липопротени со висока густина (HDL).
Што е LDL холестерол или “лош“ холестерол?
Липопротеинот со ниска густина е гнавиот носач на холестерол во крвта. Ако во крвта циркулира премногу од овај холестерол, може бавно да се наталожува на ѕидовите од артериите што го хранат/снабдуваат срцето и мозокот. Заедно со другите супстанции може да се формира плака, густ, јак талог што може да ги затне артериите. Оваа болест е наречена атеросклерозис. Згрутчената крв ( тромб ) што се формира во близина на оваа плака може да го блокира протокот на крв кон делот од срцевиот мускул и да предизвика срцев удар. Ако тромбот го блокира протокот на крв кон делот од мозокот, тогаш настанува напад. Високото ниво на ваков холестерол (130 mg/dL и повеќе ) се одразува на зголемен ризик од срцево заболување. Затоа LDL холестеролот често е наречен “лош“ холестерол. Пониско ниво на LDL холестерол се одразува на понизок ризик од срцево заболување.
Што е HDL холестерол или “добар“ холестерол?
Околу една третина до една четвртина холестеролот се носи преку липопротениот со виска густина - HDL. Медицинските експерти сметаат дека HDL се стреми да го заносуваат холестеролот од артериите и назад кон црниот дроб, каде поминува од телото. Некои експерти веруваат дека HDL го отстранува вишокот холестерол од плаките и на овај начин се покажува нивното зголемување. HDL холестеролот е познат како “добар“ холестерол бидејќи високо ниво на HDL го штити срцето од срцев удар. Спротивноста е исто така вистинита: ниско ниво на HDL ( помалу од 40 mg/dL ) индицира поголем ризик од срцево заболување. Ниското ниво на HDL холестерол исто така може да го зголеми ризикот за напад.
Јадејќи соја ( пр: додатоци од соино брашно и млеко ) може да го зголеми нивото на HDL. Оброците што вклучуваат соја, соино млеко, соино брашно и соините протеини се добри како замена.