Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

македонски   |   english
Информации > Болести на срцето > Висок крвен притисок
Висок крвен притисок - хипертензија
Што е висок крвен притисок - хипертензија?
Крвниот притисок е притисокот на крвта кон ѕидовите од артеријата. Што повисок крвен притисок, тоа појако треба да работи срцето за да пумпа крв кон другите делови од телото. Без правилен третман, високиот крвен притисок може да доведе кон многу кардиоваскуларни проблеми, вклучувајќи проширени комори за пумпање и валвуарни дефекти.

Има две мерање што го одредува крвниот притисок:
  1. Бројката за високиот крвен притисок го покажува притисокот кон артериските ѕидови веднаш откако пумпа срцето. Ова е горната бројка во отчитувањата. На пример, ако вашиот притисок е 120/80 измерениот висок крвен притисок е 120.
  2. Бројката за нискиот крвен притисок го покажува притисокот кон артериските ѕидови кога срцето прави кратка пауза, помеѓу отчукувањата. Ова е долната бројка од отчитувањата. Користејќи го истиот пример, ако вашиот крвен притисок е 120 со 80, измерениот притисок е 80.

Нормален крвен притисок кај возрасните е 130/85. Отчитувањето над 140/90 се смета како високо и неопходна е консултација со доктор.

Категорија на крвен притисок
Висок
(mmHg)
Низок
(mmHg)
Препорачана контрола
Оптимална
< 120
< 80
По 2 years
Нормална
< 130
< 85
Проверка на 2 години
Високо нормална
130 - 139
85 - 89
Проверка на 1 година
Висок стадиум 1 (mild)
140 - 159
90 - 99
Проверка на 2 месеци
Висок стадиум 2 (moderate)
160 - 179
100 - 109
Проверка на 1 месец
Висок стадиум 3 (severe)
180 или повисок
110 или повисок
Веднаш
Кои се предупредувачките знаци и симптоми на високиот крвен притисок?
Во повеќе сиутации, високиот крвен притисок не предизвикува било какви симптоми. Многу луѓе претпоставуваат дека е поврзано со високо ниво на стрес, напнатост, нервозност, но вистината е дека може да бидете многу опуштен, easy-going person и сепак да имате висок крвен притисок.
Единствениот начин да дознаете дали имате висок крвен притисок е да се имате проверено кај доктор. Ова би било направено рутински. Високиот крвен притисок може да се развива со текот на времето, и има многу третмани што можат да се справат со болеста. Навремен третман може да го намали ризикот од напад, срцев удар, оштетување на бубрезите, и срцевото оштетување.
Како се открива високиот крвен притисок?
Во кардиолошкиот неинвазивен ценВисокиот крвен притисок се детектира со користење на уред за крвен притисок, наречен Sphygmomanometer. Крвниот притисок варира константно; па, ако докторот забележи висок крвен притисок од прв пат, тој обично ќе направи друго мерење за да се осигура дека мерењето е точно. Можеби ќе ви биде советувано од докторот да купите домашен уред за мерење на крвен притисок.тар за тестирање.
Кои се третманите за високиот крвен притисок?
Докторот ќе разговара со вас на различни начини за да го контролирате и/или намалите крвниот притисок.
Бидејќи сите кардиоваскуларни фактори, промени во начинот наживеење се изразите, ефективни начини за да ги намалите шансите за добивање на кардиоваскуларно заболување. За да го намалите крвниот притисок, битно е :
  • Да вежбате правилно
  • Да престанете со пушење
  • Да јадете добро балансирана храна – со малку сол, масти и холестерол
  • Да го контролирате нивото на стрес
  • Да ја контролирате тежината
  • Да ги намалите кофеинот и другите стимуланти
Во некои случаеви, промените на начинот на живеење нема да ги постигне бараните резултат. Во оваа ситуација, докторот може да разлгеда други лекови и/или процедури што можат да го намалат крвниот притисок.