Дијабетес
Дијабетeс (исто така наречен дијабетес мелитус) е болест кај која количината на гликоза ( шеќер ) во крвта е премногу голема. Панкреасот - орган во вашето тело кое е одговорeн за произведување на инсулин - е дефектен во произведување или адекватно користење инсулин ... или и двете, што води кон подигнување на нивото на шеќер.
Инсулинот е неопходен за претворање на шеќерот во енергија за телотo да може правилно да функционира. Кога овие шеќери не се претворени во енергија, организмот одговара со создавање повеќе гликоза и залиха на масти. Со текот на времето, овие шеќери се акумулираат во крвотокот. Ако болеста остане нелекувана, може да се предизвикаат многу сериозни компликации, вклучувајќи срцева и васкуларна болест, бубрежно, очно и нервно оштетување.
Двете главни типови на дијабетис се:
- Тип 1 ( исто така наречен јувенилен дијабет) што се развива кај децата и младите. Кај типот 1 дијабетис, организмот не создава доволно инсулин или не создава инсулин. Клетките во панкреасот одговорни за оваа функција биле уништени.
- Тип 2 ( исто така наречен дијабет кај возрасни ) е најпозната форма на дијбетeс. Кај типот 2 дијабетeс, панкреасот не може да создава доволно инсулин, или создадениот инсулин е отфрлен/игнориран од телото. Оваа болест обично се развива кај постарите и дебели луѓе.
Нема лек за дијабетис, но има многу третмани за дијабетичарите да можат да водат долг и здрав живот. Битно е да го следите прецизно планот за третман од вашиот доктор.
Кои се предупредувачките знаци и симптоми за Дијабетис?
Предупредувачките знаци за дијабетес, и за тип 1 и за тип 2 се слични. Главната разлика е што кај тип 1 дијабетичари обично болеста се развива многу побрзо. Битно е да се биде свесен за симптомите од дијабетес, бидејќи раната превенција и лекување е најдобар начин да се избегнат постојани компликации.
Ако имате било кој од овие симптоми подолу, веднаш контактирајте го вашиот доктор:
- Мирис на ацетон
- Зголемена жедност
- Умор
- Губење на тежина
- Прекумерно уринирање, особено навечер - во ноќта
- Замаглен вид
Како се открива Дијабитис?
Дијабетисот sе дијагностицира со тест на крвта. Вашиот доктор ќе ви направи липиден профил-статус, што го одредува вашиот холестерол и вашето ниво на гликоза. Ако вашeто ниво на гликоза е високo, тоа е индикатор дека можеби имате дијабетис. Дијабетисот исто така може да биде дијагностициран со едноставен тест на урината што го покажува присустувото на гликоза во урината.
Кои се третманите за Дијабетиците?
Клучот е во тоа што треба да се држи нивото на шеќерот во одредени граници со држење на здрав начин на живот, и со шприцување на инсулин. Докторот ќе ви го одреди границите.
Дијабетичарите од тип 1, мора да бидат лекувани со шприцување на инсулин бидејќи телото не може самоиот да создава инсулин. Дневно се потребни две до четири шприцувања на инсулин.
За сите дијабетичари, превенцијата е морална. Мора да ja контролирате тежината за да го промените начинот на живот, што вклучува прастанување со пушење, правилно вежбање, јадење добро балансирана храна ( со малку јагленохидрати, масти и шеќери ), и држење на здрава тежина, низок холестерол и нивото на крвниот притисок. Битно е сите луѓе да водат здрав начин на живеење. Како и да е, особено е битно ако сте диабетичар.