Skip Navigation Links
За нас
Локација
Контакт
Вести и настани
Документација
Ценовник
Писма од пациенти
Како работи срцето
Срцеви заболувања
Срцеви процедури
Превенција
Лекови
КалкулаториExpand Калкулатори
Прашајте доктор
Признанија
Трудови
Линкови
23°C
Сонц. изг.6:11 am, а ќе зајд.6:55 pm
 
 

 

 

 

 

     
Едукација за пациентите
Коронарна катетеризација
 

 

 

Зошто докторот го извршува овај тест?
 
За да одреди дали има блокада (плака или атеросклерозис) во срцевите артерии со што го намалуваат протокот на крв богата со кислород кон срцето.
 
Што е тестот?
 
Коронарна катетеризација (исто така наречена ангиограм) е нехируршки дијагностичен тест што му овозможува на докторот да гледа внатре во срцевите артерии. Додека се прават х-зрачни слики, докторот ќе насочи мало цевче наречено катетер внатре во артеријата кон отворите на срцевите артерии и ќе вшприца х-зрачна боја, за да му овозможи да добие слика за стеснувањето на овие артерии. Ако оваа плака (наречена атеросклерозис) се остави нелекувана, срцевата артерија може да стане уште постесната или да распукне, што може да резултира во срцев удар.
 
Колку долго трае овај тест?
 
Во просек 45 минути до 1 час.
 
Како да се подготвам за срцевата катетеризација?
  • Продолжете да ги земате лекарствата, освен ако не ви се дадени други инструкции од докторот. Информирајте го докторот ако земате Coumadin® или Plavix®.
  • Ако земате лекарства за дијабетес, разговарајте со докторот за дозата што треба да ја земите.
  • Битно е да бидете со празен стомак за тестот. Докторот ќе ве информира кога да прекините со јадење и пиење. Обично, прекинувањето на јадење и пиење е најмалку 8 часа пред процедурата. Ако примате лекарства, напревето го тоа со мала голтка вода.
  • Ќе бидете замолени да се пресоблечите во болничка облека. За време на процедурата може да носите наочари, вештачка вилица и помагала за слушање. Исто така може да се носат прстени. Како и да е, извадете го накитот.
Завод за кардиоваскуларни заболувања -- Охрид 2007