|
Зошто докторот ја извршува оваа процедуда?
За да ја отстрани создадената плака (атеросклерозис) што ја стеснува или блокира една од срцевите артерии.
Што е процедурата?
"Ather" се однесува за атеросклеротичната плака во срцевата артерија, "ectomy“ значи да се исече плаката. Атеректомијата обично е дел од ангиопластиката, но наместо постиснување на плаката кон артерискиот ѕид, бидејќи е направено со балон ангиопластика, атеректомијата всушност ја откинува и отстранува масната плака за да ја прошири артеријата и зголеми протокот на крв. Во артеријата се вметнува катетер – обично во слабината – но понекогаш во раката или рачниот зглоб. Катетерот се носи кон срцето, и се прават серија на х-зрачни слики ( коронарен ангиограм) за јасно да се добие слика за срцевата артерија што е стесната. Потоа посебен катетер со уред за сечење се носи кон срцето, и во стеснатата срцева артерија. Внатре во артеријата, уредот за сечење ја откинува плаката, проширувајќи ја артеријата за да се зголеми протокот на крв.
Има три различни типови најчесто употребувани за извршување на Атеректомија
- Фиксирана коронарна атеректомија – користи многу мало ротирачко сечило во балонот за да ја отсечи плаката и безбедно да ја отстрани од крвниот сад.
- Вртлива атеректомија – користи ромбоидно сврдел за да ја здроби плаката и особено е корисна за стврднати плаки.
- Атеректомија со вадење/извлекување – користи неколку ситни ротирачки сечила во празно цевче за да ја отсечи плаката, потоа користи вакуумско ишмукување преку цевчето за да се отстранат деловите од крвниот сад.
Колку долго трае оваа процедура?
Атеректомијата обично трае 1-3 часа. |