Skip Navigation Links
За нас
Локација
Контакт
Вести и настани
Документација
Ценовник
Писма од пациенти
Како работи срцето
Срцеви заболувања
Срцеви процедури
Превенција
Лекови
КалкулаториExpand Калкулатори
Прашајте доктор
Признанија
Трудови
Линкови
24°C
Сонц. изг.6:11 am, а ќе зајд.6:55 pm
 
 

 

 

 

 

     
Едукација за пациентите
Јагленихидрати
 

 

 

Конзумирањето на јагленихидрати би требало да биде 55-60 проценти од калориите според Американското здружение за срце. Подобро е да се јаде повеќе сложени јагленохидрати – зеленчук, овошја и житарици – отколку едноставните (прости) јагленохидрати што се наоѓаат во шеќерите. Сложените јагленохидрати даваат повеќе фибер, витамини и минерали во исхраната отколку храната со високо рафинирани шеќери. Храната богата со сложени јагленохидрати обично е малку калорична, малку заситена со масти и холестерол.
Сите јагленохидрати не се еднакви. Нивната примарна функција е да обезбеди енергија за телото, особено мозокот и нервниот систем. Сложените јагленохидрати се оние кои се наоѓаат во такви храни како што се: сите житарни лебови, паста, жито, компири, овошје, и заленчук. Едноставните јагленогидрати ( шеќери ) се оние кои се наоѓаат во слатките и белото брашно.
Телото ги конвертира и едноставните и сложените јаглени хидрати во гликоза ( шеќер во крвта ) за да се користи за енергија, но неможе да се каже разликата помеѓу гликозата добиена од тркалезните бонбончиња и добиена од пастата. Сложените јагленохидрати држат предност во исхраната во однос на пакованата храна со витамини, минерали и фибер.
 
 
Кои храни се извор на сложени јагленохидрати?
  • Сложени јагленохидрати: брашно, леб, ориз, пченка, овес, јачмен, компири, зрнести храни, овошје, и зеленчук.
  • Нерастворлив фибер: сите пченични лебови и жита, пченични трици, зелка, шеќерна репа/цвекло, моркови, бриселско зелје, репи, карфиол, пектин.
  • Растворлив фибер: овесно трици, овес, зрнестахрана, јагоди, јаболко, psyllium, оризови трици и јачмен.
Кои храни се извор на едноставни (прости) јагленохидрати?
  • Сахароза – бел шеќер, кафеав шеќер, преработен шеќер, сиров шеќер (необработен) и turbinado    
  • Гликоза – декстроза, гликозен сируп
  • Фруктоза – овошје, зеленчук и мед.
  • Високо фруктозен сируп – течни засладувачи што содржат 42-90 проценит фруктоза
  • Мед – направен од гликоза, фруктоза и вода
  • Алкохолни шеќери – сорбитол, манитол, ксибитол
  • Лактоза – млеко и млечни производи
  • Maltose, dextrose - cereals and some baked goods
  • Малтоза, декстроза -  зрнеста храна и печена хранма.
Кои се количините на јагленохидрати во грамови за различни нивоа на калории?

Ниво на калории?
Вкупно јагленихидрати (грамови)
1200
165-180
1500
206-225
1800
248-270
2000
275-300
2200
303-330
2500
344-375
3000
413-450

 
Ново концерн за јагленихидратите?
 
Со години, експертите за исхрана советувале да се јаде храна богата со јагленихидрати. Но неодамнешните искази и некои сегашни книги за исхрана ги поврзуваат овие храни со згојаноста и дијабетес што можеби ве збунуваат. Неколку популарни книги шпекулираат дека исхрана со многу јагленохидрати може да води кон зголемување на тежината кај луѓето кои се издржуваат со инсулин; теоријата е што јагленохидратите ги активираат овие високо инсулински нивоа, што придонесува создавање на дебелење на телото.
Завод за кардиоваскуларни заболувања -- Охрид 2007