|
Што е ехокардиографија?
Ехокардиограмот е неинвазивен тест што користи ултразвучни зраци за да ја оцени срцевата структура и неговата подвижност, особено во залистоците. За време на тестот, мал конвертор се држи кон градите. Конверторот испраќа ултразвучни зраци што ги преувеличува деловите од срцето. Компјутерот ја користи информацијата што доаѓа од конверторот за да направи слика од срцето. Сликата се покажува на мониторот и може да биде снимена на видеолента или испечатена на хартија.
Обично ехокардиограмот комбинира три различни техники. М – ехо методот создава слика што личи
повеќе на цртеж отколку на срце. М – ехо методот помага да ги измери страните на коморите од срцето.
Дво-димензионалното ехо покажува актуелната форма и движење на различните срцеви структури. Сликите претставуваат “делови“ од срцето во движење.
Доплерот им овозможува на докторите да го отценат протокот на крв низ срцето. Со овај тест може да слушнете звук на гргарење или пулсирање. Ова не е вистинскиот звук на срцето ,туку засилен компјутеризиран аудио сигнал.
Како да се подготвам за процедурата?
Нема специјални подготовки за ехокардиографија. Може да јадете и да ги правите вашите секојдневни активности, освен ако ви е кажано поинаку.
Што се случува за време на процедурата?
Ќе лежите на болничка носилка. Електроди се поставуваат на градите и рамењата за да го контролираат срцебиењето. За време на тестот ќе треба да лежите мирно на вашата лева страна со малку поткрената глава. Безмирисен водо-растврлив гел се става на градите. Ехо техничарот го движи конверторот околу градите за да ги добие различните гледишта од срцето. Можеби ќе бидете замолени да ги промените позициите и да издишувате или да го држите здивот неколку секунди. Сликите се снимени на видеолента и испечатени на хартија. Ехо техничарот не е овластен да ви ги даде резултатите. Докторот ќе ви ги покажи или за време на тестот или ќе можете да си ги земете кога ќе си одите. Инаку докторот ќе разговара со вас за резултатите во неговата канцаларија.
Зошто се прави ЕХО-то?
Електрокардиограмот им дава на докторите информации за срцето, како што се:
- Големина на срцето – Ехо се користи за мерење на големината на срцевите комори и збиеноста на срцевиот мускул.
- Сила на пумпање – Тестот покажува дали срцето срцето пумпа со цела сила или е ослабнато. Исто така може да одреди дали различните делови од срцето пумпаат еднакво.
- Проблеми со залистоците – Ехо-то ја покажува формата и движењето на срцевите залистоци. Може да помогне во одредување дали залистокот е стеснат или има пукнатина и покажува колку е сериозен проблемот со залистокот.
- Други намени – Ехо-то може да се користи за да открие присуство на течност околу срцето, тромб, или широки маси внатре во срцето, и неправилна шуплина помеѓу срцевите комори. Понекогаш, ехото се комбинира со вежба или dobutamine стрес тест за да се виде колку добро срцето пумпа кога е забрзано.
Каде се извршува тестот ?
Обично во неинвазивниот кардиолошки центар за тестирање.
Колку долго трае овај тест?
Тестот е безболен и трае 20 до 45 минути. |