Зошто докторот го врши овај тест?
За да ја отцени функцијата на срцето преку неговата електрична активност.
Што е тестот?
Електрокардиограмот ( ЕКГ ) е безболен, неинвазивен тест со што докторот си создава претстава за
електричните импулси од срцето. Техничарот ќе намести во просек околу 10 електроди на кожата од рацете, нозете и градите ( понекогаш неопходно е да се избричи мал дел од влакната на телото за да се добие добро отчитување). Овие електроди се врзани со електрокардиографска машина што ја покажува електричната активност на срцето.
Овај тест му ги дава на докторот следните информации за функционирањето на срцето:
- Срцев удар: ЕКГ-то дали моментално имате срцев удар или сте имале во минатото и може да помогне да прави разлика помеѓу ангина ( болка во градите ) и срцев удар.
- Отчкувањата на срцето: ЕКГ-то покажува колку бзро или бавно чука срцето и дали отчкувањата се правилни или неправилни.
- Структура на срцето: ЕКГ-то ја покажува големината и конфигурацијата на срцето, или можни недостатоци со кои сте биле родени.
Каде се извршува тестот?
Во кардиолошкиот неинвазивен центар за тестирање.
Колку долго трае овај тест?
Во просек 5 минути.