Што се прави со ангипластика и стентирање?
Ангиопластика е не-хируршки третман планиран за да ги отвори затнатите артерии. Оваа процедура е направена откако докторот го видол ангиограмот што покажува каде артериите се блокирани. Ангиопластика со или без стентирање, ги отвора артериите за да го обнови крвниот тек. Стентирање вклучува имплантирање/всадување метално цевче ( стент ) во артеријата за време на ангиопластиката. Стентот му овозможува на крвниот сад да се држи отворен за да се зголеми протокот на крв кон срцето.
Што се случува на денот на ангиопластика?
Процедурата се прави во катеризационата лабораторија. Започнува со тенко флексибилно цевче
(катетра) што докторот го става преку обвивка ( претходно вметната ) во вашата рака или нога и се управува кон срцето.
Нетоксична боја е вшприцана да му овозможи на докторот да добие претстава за коронарните артерии. Дополнително, запис на крвниот притисок може да биде направен во различните комори од срцето, и функцијата на залистокот може да биде испитувана. Слики ќе бидат направени со специјализирани камери за таа намена.
Кога ќе се лоцира блокадата, балон катетра се става во стеснатата артерија и полека се надувува за ги потисни масните наслаги кон артериските ѕидови. Еднаш кога артеријата се отвора, балон катетрот е отстранет. Потоа, х - зрачна боја се вшприцува во артеријата за да се увери дека е доволно отворена за да тече крвта послободно кон срцевиот мускул.
Неколку конци можеби ќе бидат искористени за да се затвори отворот ако е користена артерија или вена од раката. Ако е користена страната од кај слабината, обвивката е оставена неколку часа на местото за да спречи од крварење и ако е потребно да му овозможи на докторот да ја провери артеријата.
Во многу ситуации, подобри резултати може да бидат добиени ако кардиологистот вметне стент на местото на блокадата и го прошири со балонот. Стентот е растегливо жичано мрежно цевче со големина која одговара со артеријата. Стентот може да обезбеди подобар канал за проток на крв низ артеријата со подобар долготраен резултат.
Што се случува после ангиопластиката/стентирањетo?
Ќе бидете замолени да пијате многу течности за да помогне да се истера бојата надвор од организмот. Подоцна, кога облогата ќе се отрстрани, се става завој на отворот за да заштити од крварење. Ќ останете да лежите неколку часа и веројатно ќе останете хоспитализирани преку ноќта.
Што може да правам кога ќе се вратам дома?
Избегнувате да кревате тешко и неколку дена вежбајте само лесни вежби.
Јавете се кај доктор ако:
- Ако отворот крвари
- Ако чувствувате болка во градите
- Ако на раката или ногата ( од кај отворот ) чувствувате вкочанетост или студ
- Ако помодрувањето или отекувањето станува полошо или се зголемува
- Ако имате настинка, или знаци на инфецкија ( црвенило ) што се појавува кај отворот.
- Ако имате било какви несекојдневни симптоми
Како ќе се чувствувам по ангиопластиката?
Докторот ќе разговара со вас за постигнување на напредок во артерискиот отвор и можноста да симптомите се вратат повторно, за лекарства, за рестрикции, и промени во дневните навики за да се намали ризикот од стеснување на повеќе артерии. Исто така ќе ви биде кажано кога да дојдете на преглед.
Каде се извршува тестот?
Во кардио-катеризационата лабораторија
Колку долго трае овај тест
Во просек 45 минути до еден час.