Skip Navigation Links
За нас
Локација
Контакт
Вести и настани
Документација
Ценовник
Писма од пациенти
Како работи срцето
Срцеви заболувања
Срцеви процедури
Превенција
Лекови
КалкулаториExpand Калкулатори
Прашајте доктор
Признанија
Трудови
Линкови
23°C
Сонц. изг.6:11 am, а ќе зајд.6:55 pm
 
 

 

 

 

 

     
Едукација за пациенти
Срцев удар
 
Шти е Срцев Удар?
Срцев удар е комплетна блокада на течењето на крвта во коронарната артерија. Блокадата ја попречува крвта богата со кислород да стигне vo срцевиот мускул. Обично крвната грутка или парче од плаката ( масни наслаги наречени атеросклерози ) ја предизвикува блокадата во срцевата артерија. Кога крвта неможе да стигне до овај дел од срцевиот мускул, мускулот може да стане трајно уништен. Што побрзо појдете во болница за лекување, тоа помалку ќе има оштетување на срцето. Ако чекате премногу, состојбата може да се влоши.
 
Кои се предупредувачките знаци и симптоми за Срцевиот Удар?
Предупредувачките знаци и симптоми на срцевиот удар се различни кај мажите и жените, тоа значи дека мажите и жените имаат многу различни чувства и доживување кога се случува срцевиот удар. Овие предупредувачки знаци се опишани подолу:
Мажите вообичаено ги доживуваат следните познати предупредувачки знаци на срцевиот удар:
  • Умерена кон честа болка во градите
  • Вртоглавица
  • Кратко вдишување - гушење
  • Гадење
  • Радијална болка во рацете и градите
Некои жени кои имаат срцев удар не чувствуваат болка во градите. Болката на жените може да биде во грбот, раката, вратот, рамото и грлото. Исто така, жените вообичаено имаат повеќе “безболни“ симптоми отколку мажите. Ова вклучува: повраќање, гадење, измореност, и кратотк вдишување.
Исто така е изненадувачки познато за луѓето што немаат воопшто почувствувано симптоми. Ова е осoбено точно кај дијабетичарите и оние кои имаат над 75 години. Препорачуваме овие индивидуалци повремено да го посетуваат нивниот матичен лекар и/или кардиолог за континуирано проверување на нивното здравје.  
 
Како се проценува Срцевиот удар?
Срцевиот удар е оценет користејќи неколку различни методи, но најчесто докторот ќе ви направи едноставен тест наречен Електрокардиограm (ЕКГ). Овај тест ја проверува електричната активност во срцето и може да му помогне на докторот во одредувањето на тоа дали имате ангина или дали всушност имате срцев удар. Докторот исто така може да ви направи тест на крвта што може да одреди дали имате уштетување на срцевиот мускул.
Други можни тестови што вашиот доктор може да ви ги направи за проценување на срцев удар се:
·        Лабараториско тестирање
·        ЕКГ
·        Стрес тест
  • Нуклеарно испитување
·        Ехокардиограм
·        Срцева ангиографија
Ако вашиот доктор одреди дека имате срцев удар ( или веќе сте имале ), тој брзо ќе ја стабилизира состојбата на неколку начини.
 
Кои се третманите за Срцев Удар?
Земетe една нормална доза аспирин или 4 бебешки аспирини, и џвакајте го аспиринот за да се зголеми абсорпцијата во вашиот систем. Аспиринот ја разредува крвта, дозволувајќи повеќе крв богата со кислород да помине низ стеснатата артерија кон вашето срце. Аспиринот има докажано дека ја намалува фаталноста на жртвите од срцев удар за околу 25%.
Ако некои кој што го знаете имат срцев удар, јавете се на 94 и дајте им да џвакаат и голтнат еден аспирин. Ако се при свест, прво јавете се на 94, и потоа почнете со реанимација -  да му давате вештачко дишење за да се обезбеди кислород кон мозокот, срцето, и остатокот од телото. Ако ви е непознато како да дадете вештачко дишење, персоналот за хитни ситуации на телефон може да ви помогне додека не пристигне помошта.
По доаѓањето во болница, ако сеуште немате земено аспирин, докторот може да ви наложи тогаш да џвакате аспирин. ЕКГ ќе биде направен веднаш за да се одреди дали се случува срцев удар или веќе се случил. Ако дијагнозата е срцев удар, докторот веднаш ќе почне третман да ја отвори блокадата, и да му даде на срцето што е можно повеќе крв богата со кислород.
 
Процедури
Има многу видови на процедури што може да го лечат и стабилизираат срцевите артерии. Овие процедури се:
  • Акутна ангиопластика
  • Балон ангиопластика
  • Коронарно стентирање
  • Бајпас на коронарните артерии
  • Тромболитична терапија
Лекови
Има неколку лекарства што вашиот доктор може да ви препише ако имате срцев удар. Еве неколку:
  • Антикоaгуланти како аспиринот
  • Нитроглицерин што ги проширува крвните садови да го зголеми крвниот тек/ протек
  • Adrenergic Receptive Blockers (Бета блокери) помагаaт да се регулира чукањето на срцето и намали потребата од кислород, понизок крвен притисок, штитa против срцев удар и срцево оштетување
  • Angiotensin Converting Enzyme (ACE ) инхибатори кои ги прошируваат крвните садови за да го зголемат крвниот тек, штитaт против атеросклерозис ( плаки во артериите ), помагаa во зајакнуавање на срцевите мускули, низок крвен притисок.
  • Calcium channel blockers го намалуваa срцевото стегање и грчевите, ги прошируваa артериите, помагаa во лечење висок крвен притисок и ангина пекторис.s
  • Липиден статус
Превенција
Ако сте биле дијагностициран со срцев удар, многу е битно да се направат промени во начинот на живеење што ги намалува ризик факторите што имаат придонесено за вашето срцево заболување. Правењето на такви промени може го одржува , и во многу случаеви, анулира направето оштетување на вашето срце.
Да се промени начинот на живеење за да се намалат ризик факторите е еден од најбитните чекори што може да ги превземите за да ја подобрите целосната кардиоваскуларна состојба.
Завод за кардиоваскуларни заболувања -- Охрид 2007