Skip Navigation Links
За нас
Локација
Контакт
Вести и настани
Документација
Ценовник
Писма од пациенти
Како работи срцето
Срцеви заболувања
Срцеви процедури
Превенција
Лекови
КалкулаториExpand Калкулатори
Прашајте доктор
Признанија
Трудови
Линкови
24°C
Сонц. изг.6:11 am, а ќе зајд.6:55 pm
 
 

 

 

 

 

     
Едукација за пациенти
Срцево артериско заболување
 
Што е Срцево Артериско Заболување?
Кога артериите што носат крв кон срцето стануваат слаби или блокирани, тие не можат да донесуваат доволно крв кон срцето, што резултира во срцево артериско заболување. Срцевите артерии стануваат блокирани или стеснати со постепено зголемуваање/таложување на маснотии
 
Кликнете тука за анимацијата
( холестерол ). Ова зголемување на маснотии е наречено “ атеросклеротична плака“ или едноставно “плака“.
 
Кои се предупредувачките знаци и симптоми на коронарното артериско заболување?
Ангина ( исто така позната како болка во градите ) е предупредувачки знак на срцево артериско заболување. Не игнорирајте го овај симптом, бидејќи тој е чест знак на претстоен/неизбежен срцев удар.
Битно е да знаете дека мажите и жените симптомите ги  чувстуваат поинаку. Овие разлики се опишани подолу:
Мажите обично ги чувстуваат следниве познати предупредувачки симптоми на срцев удар:
  • Чести до умерени болки во градите
  • Вртоглавица
  • Краткост во дишењето – гушење
  • Гадење/повраќање
  • Радијална болка во рацете и градите
Жените може да имаат симптоми што многу се разликуваат од мажите. Додека болката во градите често е предупредувачки симптом на срцевиот удар, некои жени што имаат срцев удар не чувстуваат болка во градите. Болката на жените може да биде во грбот, раката, вратот, рамото, и грлото. Исто така, жените вообичаено ќе имаат повеќе “безболни симптоми“ отколку мажите. Ова вклучува: повраќање, гадење, умореност и кратко вдишување/гушење.
Исто така изненадувачки познато е за луѓето да не чувстуваат воопшто симптоми. Ова особено е точно кај дијабетичарите и оние кои имаат над 75 години. Препорачуваме овие индивидуалци повремено да ги посетуваат нивните матични лекари или кардиолози за континуирано проверување на нивното здравје.  
 
Како се открива Срцевото Артериско Заболување?
Обично докторите претпоставуваат дека вие можеби имате кардиоваскуларно заболување врз основа на вашите кардиоваскуларни ризик фактори. За време на физичкото испитување,  докторот ќе отцени многу од овие ризици, како што се: дијабетис, висок крвен притисок, висок холестерол во крвта, наследeни од фамилијата, пушење, итн.
Во дополнување кон отценување на вашите ризик фактори, исто така има неинвазивни техники што ја детектираат срцевата артериска болест во неговиот најран стадиум. Многу е битно да се биде свесен за срцево артериско заболување. Тоа е болест која напредува и води кон смрт или срцево оштетување. Има многу третмани што може да го забават напредувањето или во некои случаеви да ги анулира ефектите од болеста.
Неинвазивните техники и катеризација што се на располагање да детектираат срцево артериско заболување се набројани подолу: ( катеризационата техника е обележана со * )
  • Електрокардиографија ( ЕКГ )
  • Treadmill
  • Стрес тест
  • Ехокардиографија ( Ултразвук )
  • Нуклеарно испитување
  • Магнетна резонанца
  • Срцева Катетеризација *
Кои се третманите за Срцевото Артериско заболување?
Најбезбедниот, наједноставниот третман за срцево артериско заболување е промената на начинот на живеење. Отценете ги вашите кардиоваскуларни ризици - висок крвен притисок, висок холестерол во крвта, пушење, вежбање, диета, тежина итн. - и работете на тоа да ги намалите ефектите од секој ризик фактор. Ако пушите - престанете со пушење, ако не вежбате - почнете еден режим на вежбање, ако имате висок крвен притисок - смислете план со вашиот доктор за да го намалите високиот крвен притисок ... итн.
Додека Срцевата Артериска Болест се развива, лековите, интервентната катетеризација или кардиоваскуларната операција може да бидат потребни. Докторот ќе работи со вас да смисли план што најдобро ќе ви одговара на вас.
 
Лекарства
Има илјадници лекарства што се на располагање за лекување на Срцево артериско заболување. Најпознатите препишани лекарства се лекарства за намалување на крвниот притисок, за намалување на холестеролот, и антикоaгулантите.
 
Процедури
За да се ослободат артериите од атеросклерозис ( таложење на плаки ) што го попречува крвта богата со кислород да стигне до срцевиот мускул, често е непходно да се лекуваат плаките со инвазивни операциони техники. Во зависност од степенот на Срцевата Артериска Болест, има три методи за лекување на наталожените плаки: 1) интервенција со катетри и 2 ) операција
  • Балон ангиопластика
  • Коронарно стентирање
  • Brachytherapy
  • Drug-Eluting Stenting
  • Интракоронарна ултрасонографија
  • Атеректомија - отстранување на атеромот
Завод за кардиоваскуларни заболувања -- Охрид 2007