Skip Navigation Links
За нас
Локација
Контакт
Вести и настани
Документација
Ценовник
Писма од пациенти
Како работи срцето
Срцеви заболувања
Срцеви процедури
Превенција
Лекови
КалкулаториExpand Калкулатори
Прашајте доктор
Признанија
Трудови
Линкови
12°C
Сонц. изг.6:10 am, а ќе зајд.6:56 pm
 
 

 

 

 

 

     
Едукација за пациенти
Ангина ( Болки во градите )
 
 
Што е болка во градите ( исто така наречена Ангина или Ангина Пекторис)?
Ангина може да биде предизвикана од недоволно снабдување на срцевиот мускул со крв и кислород. Телото, на овај недостаток на кислород одговара со болка ( повеќе луѓе болката ја опишуваат како напнатост или притисок ) во градите, рацете, рамената, вратот и вилицата. Некои луѓе исто така чуствуваат кратко вдишување/гушење, умореност, препотување/потење, вртоглавица и повраќање. Најчесто е предизвикано со стеснување на коронарните артерии. Стеснувањето е поради таложење на масни наслаги (плаки или атеросклерозис ) во ѕидовите од артеријата.
Не игнорирајте ги овие предупредувачки симптоми, бидејќи тие се добри индикатори на еден претстоен/неизбежен срцев наpад. Ако имате болки во градите, веднаш јавете се на 94.
 
Кои се разликите помеѓу Ангина и Срцевиот Удар?
За време на Ангина, повремено нема доволно крв со кислород што стигнува кон делот од срцевиот мускул. За време на срцевиот удар, стеснувањето всушност ја блокира срцевата артерија, попречувајќи ја крвта со кислород од течење кон деловите на срцевиот мускул, што може да доведе до унишување на срцевиот мускул.
Обично има три карактеристики што Ангината се разликува од срцевиот удар.
Тие се:
  • Ангината обично се случува како резултат од емоционален стрес или вежба, но се повлекува/се смирува после неколку минутно одмарање. Страдателот од срцев удар продолжува да чувствува болка дури и после одморот. Всушност, болка во градите после koja резултира срцев удар може да трае од 30 минути до неколку часа.
  • За разлика од болката kaj срцев удар, лекот наречен Нитроглицерин може а и понекогаш ќе ја ублажи болката од Ангина.
  • Болката од срцевиот удар е обично почеста отколку кај Ангина.
Како може да се отцени болката во градите?
Болките во градите може да се отценат на неколку различни начини, но најчесто докторот ќе ви направи едноставен тест наречен ЕКГ ( електрокардиограм ). Овај тест ја надгледува електричната активност на срцето и може да му помогне на докторот во одлучување дали вашата состојба е ангина или всушност имате срцев удар. Докторот исто така може да ви направи тест на крвта со што може да одлучи дали има оштетување на срцевиот мускул.
Други можни тестови што може да ви ги направи докторот за да ја процени болката во градите се следни:
  • Стрес тест
  • Нуклеар скан
  • Ехокардиограм
  • .................
Ако докторот заклучи дека имате Ангина, а немате срцев удар, тој ќе дискутира за третман 1) за нега на болеста и 2) за превенција на идни кардиоваскуларни проблеми.
 
Кои се третманите за Ангината?
Има повеќе видови на третмани за Ангината, вклучувајќи:
  • Процедури што ги отвораат стеснатите артерии ( на пример, Ангиопластика ) и срцево артериска бајпас операција.
  • Лекарства ( како што се Нитроглицерин, Бета блокери, Calcium Channel Blockers ) и ACE инхибитори.
  • Промена на начинот на живеење за да ги намали ризик факторите: ( пр: престанување со пушење, вежби, диета итн. )
Лекарства
Има неколку лекарства што докторот може да ги препише за Ангина, во зависност од вашата состојба.:
  • Аспирин или други антикоагуланти
  • Васодилитатори(пр: Нитроглицерин ) ги проширувaат крвните садови
  • ACE (Angiotensin Converting Enzyme) инхибатори, ги прошируваат крвните садови за да го зголеми течењето на крвта, штити против атеросклерозис ( плаки во артериите ), помага во зајакнување на срцевиот мускул, го намалува крвниот притисок.
  • Adrenergic Receptive Blockers (Бета блокери) помагаат да ги регулираат отчукувањата на срцето и ја намалува потребата од кислород, низок крвен притисок, штити од срцев удар и срцево оштетување.
  • Calcium channel blockers го намалуваат стегањето и грчевите на срцето, ги проширува артериите, помагаат да го лекува високиот крвен притисок и Ангината.
  • Други лекови може да бидат препишани за оваа срцева болест, или потенцијалните ризик фактори како што се хипертензија (висок крвен притисок ) висок холестерол или дијабетис.
Процедури
Има неколку процедури што може да го ослободи стеснувањето на срцевите артерии да ја ублажи ангината и помага во превенција за можен срцев удар. Овие процедури вклучуваат:
  • Балон агниопластика со и без стентирање
  • Бајпас на срцевата артерија
  • External Enhanced Counterpulsation (ECP)
Превенција
Ако сте биле дијагностициран од Ангина, многу е битно да го промените начинот на живеење така што ќе ги намали ризик факторите што проидонесле за вашето срцево заболување. Да се направат такви промени може да се поткрепи, и во повеќе случаеви, да го анулира оштетувањето на вашето срце. За повеќе информации за превенција од кардиоваскуларно заболување, ве молиме кликнете тука.
Да се промени начинот на живеење за да се намали ризик факторот е еден од најбитните чекори што може да ги превземите за да ја подобрите вашата генерална кардиоваскуларна состојба.
Завод за кардиоваскуларни заболувања -- Охрид 2007