|
Директор
|
Почитувани!
Имам особено задоволство да Ве поздравам и да Ви посакам добредојде на WEB страната нa Заводот за Кардиоваскуларни заболувања од Охрид.
Се надевам дека на овој начин ќе успееме уште повеќе да им се приближиме на сите оние кои се непосредна причина за нашето постоење: пациентите со докажана болест на срцето или крвните садови, на оние кои имаат здравствени проблеми но сеуште немаат уточнета дијагноза, како и на сите оние кои се здрави и со превентивни активности сакаат да го сочуваат своето здравје. Секако, оваа страна е наменeта и на пациеnтите кои ги користеле или допрва треба да ги користат нашите услуги од областа на срцева рехабилитација: пациенти со преболен срцев удар, оние кај кои се правени интервеnции од типот коронарографија, стентирање, балон дијатација, пациенти подвргнати на бај-пас операција, хируршка корекција на валвули, и други.
Заводот за Кардиоваскуларни заболувања од Охрид е Јавна Здравствена Установа која е добро како во медицинските кругови, така и меѓу пациентите на целата територија на Македонија. Донеодамна беше позната по тоа што е единствена установа каде се изведува стационарна рехабилитација на пациенти со кардиоваскуларни заболувања и по широката палета на неинвазивни дијагностички методи од областа на кардиоваскуларната патологија. Во текот на последнава година, со ставање во функција на Единицата за Интервентна Кардиологија, стана единствена Јавна Здравствена Установа надвор од Институтот за Сцеви Заболувања од Скопје каде се изведуваат голем број процедури од областа на интервентна кардиологија: коронарографии, балон дилатации, стентирања.
Од самото формирање на Заводот, во 1982 година, до денес, стручната работа на Заводот како и едукацијата на кадрите е нераскинливо поврзана со тогашната Клиниката за Кардиологија односно денешниот Институт за Срцеви Заболувања во Скопје. Она што не прави горди е фактот дека последниве години кругот на наши пријатели и соработници е проширен со бројни имиња на еминентни Институции, Болници и Центри кои се занимаваат со кардиологија како во земјава така и надвор од неа.
Постојаната едукација на стручните кадри, учеството на Конгреси, Симпозиуми и Семинари во земјава и надвор од неа, следењето на сите новини кои ги лиферуваат признатите Меѓународни асоцијации од областа на кардиологија, како што се: Европското Кардиолошко Здружение (ESC), Американската Асоцијација по Кардиологија (AHA), Здружението за Кардиоваскуларна Ангиографија и Интервенции (SCAI), се секогаш на врвот на нашите приоритети.
Тенденцијата постојано да се биде во чекор со времето и императивот дека секој пациент зслужува максимално квалитетна здравствена услуга, се заштитен знак на оваа установа од нејзиното формирање до денес.
Токму оваа страница е доказ за нашата грижа да држиме чекор со светот и да Ви бидеме постојано на раполагање, Вам почитувани !
Дизајнирана е така, да на едноставен начин Ви ги даде сите потребни информации кои ќе Ви го олеснат патот до подобро здравје. По теркот на модерните тенденции во светот доволно простор одвоивме и за Ваша медицинска едукација. На овој начин полесно ќе се справувате со болеста и поуспешно ќе го чувате Вашето здравје. Имате можност со користење на линкот <прашај доктор> да поставите прашања на кои не сме успеале да одговориме со содржините на оваа страна.
Со надеж дека оваа WEB страна успешно ќе ја обавува функцијата на мост, кој ќе Ви го приближи Вам нашиот Завод и нашите услуги, уште еднаш Ви посакувам Добредојде!
Срдечно!
Др. Никола Бакрачески
|
Историјат на Заводот
Врз основа на растечкиот тренд на морбидитетот, инвалидитетот и морталитетот од карадиоваскуларните заболувања, како и согледувајќи ги потребите на нашата држава за превенирање, дијагностика, лекување, понатамошен третман и рехабилитација на споменативе заболувања, по иницијатива на наши стручњаци и меѓусебна соработка на стручно-медицински кадри на Медицинскиот центар од Охрид и Клиниката за кардиологија при Медицинскиот факултет во Скопје, Советот на Медицинскиот центар-Охрид со одлука од 24.04.1980 г. пристапи кон основање на Центарот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - Охрид. После обавените припреми нашата Институција и формално беше свечено отворена и пуштена во работа на 25.04.1982 година.
Некои моменти од отворањето на Центарот во Славија
|

|
|
 |
|
Проф. Лазар Србиноски
|
|
|
|
|
|
|
 |
|

|
| Лазар Колишевски |
|
|
Центарот беше стациониран во хотелот Славија со капацитет од 120 болнички кревети. Беше оформена стручна екипа од 23 вработени, од кои 4 доктори на медицина, еден специјалист интернист, среден медицински и друг помошен технички персонал, а во однос на опрема беа пуштени во функција за тоа време најсовремени апарати за ЕКГ, коронарен стресс тест, ехокардиографија, телеметрија, ергометрија и друга пруидружна апаратура. Стручното раководење на Центарот беше под контрола на Клиниката за кардиологија - Скопје, со постојано присуство на наставен кадар од клиниката.
Почнувајќи од 1983 год. Центарот располага и со свои специјалистички кадри од редот на вработените, кои покрај во нашата држава апсолвираат низа постградуални студиски едукативни престои и во други институти и центри за кардиологија и рехабилитација како Белград, Нови Сад и Нишка Бања (Србија), Опатија и Крапинске Топлице (Хрватска), Братислава (Словачка), Прага (Чешка), Минхен (Германија), Љубљана (Словенија) и други.
На 9 септември 1986 г., со одлука на Окружниот стопански суд во Битола, нашиот Центар е преконструиран во Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања со целосна одговорност.
За жал сите тие а и наредните години нашата институција се соочуваше со проблем од круцијален карактер односно нерешено просторно и стамбено егзистирање. Сепак најмногу благодарение на огромното залагање на вработените беше постигнат договор со друштвото на воените инвалиди и борци од НОВ за користење на стариот објектот "Сутјеска" во месноста "Свети Стефан" крај брегот на Охридското езеро. След тоа со голем ентузијазам на вработените, нивното пожртвувано и несебично ангажирање беа обезбедени средства и реновиран и адаптиран објектот за здравствена дејност, така што од 1994 год. па до денес Заводот работи во новите простории.
Вселување во новиот објект
 |
| Тито Петкоски |
За време на 25 годишното работење нашава институција бележи 39.000 хоспитализации, болнички лекувала околу 27.500 пациенти, a остварени се 580.000 болнички денови. Aмбулантски се прегледани 60.000 пациенти, со реализирани 300.000 неинвазивни дијагностички процедури.
Нова дејност
|
Од Јуни 2006 година
во Заводот отпочнува да функционира Лабораторијата за Интервентна Кардиологија,
со што конечно се остварува долгогодишниот идеен проект.
|
|

|
 |
|
|
| |
|
 |
Прв коронарографиран пациент
Јуни 21, 2006
Институцијата за своето 25 год. постоење ја раководеа: прим. Д-р Томе Дуданов, прим. Др Тоде Клишески (во два мандата), Д-р Наум Зимоски, прим Д-р Илија Прангоски, а од јули 2006 год. наваму со неа раководи актуелниот директор Д-р. Никола Бакрачески.
Организациска поставеност на Заводот
| |
|
|
1.
|
Амбулантно Поликлинички Оддел |
| |
Раководител: Др.Изабела Афтовска-Наумоска |
| |
|
|
2.
|
Единица за Интервентна Кардиологија |
| |
Раководител: Др.Никола Бакрачески |
| |
|
|
3.
|
Стационарен Оддел |
| |
Раководител: Др. Наум Зимоски |
| |
|
|
4.
|
Рехабилитационен Оддел |
| |
Раководител: Др. Гордана Коњановска |
| |
|
|