Тема број 2
2009 год. - Трајан Митрев
Ангиопластика е хируршки третман планиран за да ги отвори затнатите артерии. Оваа процедура е направена откако докторот го видол ангиограмот што покажува каде артериите се блокирани. Ангиопластика со или без стентирање, ги отвора артериите за да го обнови крвниот тек. Стентирање вклучува имплантирање/всадување метално цевче ( стент ) во артеријата за време на ангиопластиката. Стентот му овозможува на крвниот сад да се држи отворен за да се зголеми протокот на крв кон срцето.
Тема 2
2004 год. - Гоце Dрнаудов Велјан
Процедурата се прави во катеризационата лабораторија. Започнува со тенко флексибилно цевче (катетра) што докторот го става преку обвивка ( претходно вметната ) во вашата рака или нога и се управува кон срцето.
Нетоксична боја е вшприцана да му овозможи на докторот да добие претстава за коронарните артерии. Дополнително, запис на крвниот притисок може да биде направен во различните комори од срцето, и функцијата на залистокот може да биде испитувана. Слики ќе бидат направени со специјализирани камери за таа намена.
Кога ќе се лоцира блокадата, балон катетра се става во стеснатата артерија и полека се надувува за ги потисни масните наслаги кон артериските ѕидови. Еднаш кога артеријата се отвора, балон катетрот е отстранет. Потоа, х - зрачна боја се вшприцува во артеријата за да се увери дека е доволно отворена за да тече крвта послободно кон срцевиот мускул.